Откако се СДСМ на власт парите наместо кај граѓаните завршуваат кај кланот Заеви и бизнисите на функционерите во врхушката на власт

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Откако се СДСМ на власт парите наместо кај граѓаните завршуваат кај кланот Заеви и бизнисите на функционерите во врхушката на власт.

СДСМ за две години ги осиромаши граѓаните на Република Македонија, а државата ја доведе до економски колапс.

Заради погрешните економски политики на власта над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а македонската економија е на дното во Европа.

Додека повеќе од 70% граѓани земаат плата помала од просечната и не знаат како ќе го преживеат месецот, власта ги замајува со мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите.

Граѓаните со оваа мерка може да добијат во просека  156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што значи  никогаш нема да стигнат до бројката од 30.000 денари која Зоран Заев им ја ветуваше.

За да се оствари ветувањето на Заев дека граѓаните ќе добијат 30.0000 денари од поврат на ДДВ и ќе можат да реновираат соба, да исплатат кредит или да одат на одмор потребни ќе бидат дури 16  години, а не една година.

Доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да ги намали даноците, да ја укине акцизата, да стимулира намалување на цените на мало и да престане да ги ограбува преку наместени, тендери ,грантови и непотистички вработувања.

Граѓаните со оваа криминална власт наместо живот добија беда. Потребно е СДСМ и Заев веднаш да си замина, за да може Република Македонија и граѓаните да напредуваат.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...