Мицкоски: Вистинскиот референдум за името граѓаните го имаа на 8 септември, 91-та година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Алсат М, телевизија посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на прашањето за името е кристално чист. Тој истакна дека граѓаните го кажале својот став во однос на тоа како сакаат да се нарекува нивната држава на референдумот кој се одржа на 8 септември 1991 година кога во огромно мнозинство својот глас го дале за Република Македонија, независна и суверена.

-Ние сме јасни чисти и кристални во нашиот став. Единствен важечки правен документ во оваа држава кој што ја детерминира државност е резултат на волјата на граѓаните во 1991-та година кога огромно мнозинство од граѓани на оваа држава рекоа дека ова е Република Македонија, суверена и независна држава. И тука нема никаква дилема, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сето останато е резултат на политичари, корумпирани, уценети и притиснати да направат нешто за кое што се срамат денеска и кое што е навистина спротивно на интересите на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава, додека за да одиме чекор назад потребни ни се 80 пратеници и бадинтерово мнозинство.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...