Мицкоски до Заев: Нека размисли што прави, иднината на државата е во прашање

Нека помине Заев неколку часа сам и нека подразмисли што прави, иднината на државата е во прашање, ако ние продолжиме вака да функционираме тогаш каде ќе ни биде крајот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Алсат М Телевизија.

Јас кажав и во една моја колумна дека на глупоста и нема крај. Ако ние продолжиме вака да функционираме тогаш каде ќе ни биде крајот. Кога човек мисли дека го допревме дното, гледам сум бил песимист, овие луѓе се подготвени да копаат подлабоко уште повеќе, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека за Заев треба да се тргне на момент од обожавателите и тие кои го убедуваат да нема предвремени избори затоа што имаат недовршени бизнис или пак камионите им се ваму, плантажите со марихуана таму или пак не им се дособрани процентите од некои луѓе.

Затоа апелираме уште некое време за разум, да се седне да се повикаат пратеничките групи, да се поразговара во Собранието, да се организираат предвремени парламентарни избори, граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари, вакви какви што се уценети,корумпирани, помалку или повеќе исмеани во јавноста ќе ја добијат поддршката на граѓаните или ќе дојде некоја нова генерација политичари во Република Македонија, изјави Мицкоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...