Мицкоски: Ако Заев барем малку и мисли добро на Македонија, веднаш треба да се распишат за предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на Алсат М телевизија изјави дека доколку Зоран Заев барем малку добро и мисли на Македонија, треба веднаш да распише предвремени парламентарни избори, бидејќи државата оди во погрешна насока.

-Лошо е во државата, лошо се живее, овој начин на функционирање е погрешен, ова што се случува и што е денес секојдневие мора да заврши со предвремени парламентарни избори. Тоа е добро не само за него, ако и мисли барем 1% од тоа што се декларира и го кажува во јавноста добро на државата, треба тоа да го направи заедно со коалициониот негов партнер ДУИ, вели Мицкоски.

Тој посочи дека оваа ситуација е неодржлива и ги преминува сите нормални граници на една политичка нормала здрава средина и затоа Заев треба се одвои од обожавателите и од сите оние кои што секојдневно се околу него поради реализирање на сопствени и лични себични интереси и да размисли неколку часа што прави.

-Затоа јас на една изјава пред еден или два дена кога беше онаа стенд ап претстава во владата на прашање на ваши колеги реков дека веднаш треба да седнеме сите ние како политички лидери да ги организираме нашите пратенички групи и да повикаме на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...