Единственото нешто кое што СДСМ во овие 3 години сработија е да издејствуваат нова аболиција за криминалите на Зоран Заев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на интервјуто на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Единственото нешто кое што СДСМ во овие 3 години сработија е  да издејствуваат нова аболиција за криминалите на Зоран Заев.

Патем тие го продолжија методот на функционирање  „Евро за Вицето – евро за црквата“ овој пат пресликан на централно ниво.

Се што работеше оваа власт беше во насока за лично богатење на функционерите,  а осиромашување на народот.

Да потсетиме на крвавиот тендер од 35 милиони евра во здравството, матните зделки во РЕК Битола каде што струмички камиони во сопственост на Вице Заев беа ангажирани за носење на јаглен, тендерите кои што ги добиваа фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и аферата со Фондот за криминални иновации која се претвори во индиска серија без крај. Владеењето на СДСМ го бележи и непотизмот со вработувањето на синови, ќерки, снаи, сверкви, золви и фризерки на функционерите од власта, а последен од низата скандали е и матниот тендер во М-НАВ за кој најповикан е Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски.

Криминалот и самоволието на оваа аздисана власт го продолжија и нивните градоначалници кои што се однесуваат како локални шерифи, како во случајот со шверцот на цигари во Ново Село на Боро Марлборо, заканите за прислушкување во Демир Хисар, Марјанчо Стојановски и тепањето на граѓани во кабинетот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Оваа криминална власт предводена од Зоран Заев ја уништи македонската економија и ја смести на дното во Европа, го зголеми долгот на државата над 50% од БДП, ги доведе граѓаните до беспарица, а државата со најголема бесперктивност на младите.

За неспособноста на СДСМ доказ е најниското ниво на реализација на капитални инвестиции во историјата  на државата, но и нулата од германските инвеститори кои оценија дека власта на Заев не знае да раководи со економијата.

Како резултат на неспособноста на СДСМ и Зоран Заев да спроведат реформи, Република Македонија не добива датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

Да не зборуваме за уништување на угледот на државата и погазувањето на сопствениот народ. Власта ја погази волјата на граѓаните и ги распродаде држвните и национални интереси како изговор за влез во ЕУ, за да сега се докаже дека за во Европа треба реформи и некриминална власт, а не продажба на државата.

Зоран Заев кој што е аболициран за финанскиски криминал од над 8 милиони евра, полека но сигурно, станува меѓународен симбол за корумпиран политичар, кој прво што помислува е мито, било да се работи за странски инвеститори, било да се работи за граѓани пред избори, или пак за црковни великодостојници од светски ранг.

Ако СДСМ се уверени дека можат да победат на фер и демократски парламентарни избори ги повикуваме да се охрабрат и што побрзо да излезат на соочување со народот.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...