25.05.2023

Стојаноски: Власта руши државен систем за да легализира криминал при изградба на коридорите

Се руши уставниот поредок и правосудниот и законски систем на државата. Стана јасно кој ја води владата и колку е оваа влада корумпирана. Истите овие луѓе зборуваа за правда и мир, а самото време ги демантира овие лицемери и лажговци. Се што ќе се каже, треба да се има одговорност пред граѓаните. Со ваквите закони и се право контрауслуга на државата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

Тој им порача на пратениците од СДС дека функциите поминуваат, образот останува и дека како и другите и нивните деца треба да продолжат да живеат во вашата држава

– Со оглед дека сакате да правите споредби помеѓу Синохидро и Актор, излезете и побијте ме. Просечна цена по километар на договор со Бехтел и Енка, 12 милиони евра, а тие две 6,6 и 5,6 милиони евра. Кој чини повеќе? Други дополнителни трошоци немало со Актор и Синохидро, сега има во 25 ставки.  Обврска за вработување на македонски граѓани е само 31%, рече тој.

Додаде дека нема одговор кој склучува полоши договори затоа што немаат одобрение од Артан Груби, затоа што тој треба да ги земе парите и да го плати Ковачевски за уставните измени да внесе одредба дека Македонија ќе биде бинационална држава.

– Со Актор и Синохидро важечко законодавство беше македонското, а сега е на Англија и Велс, што е ова ако не е подреденост, претходно немаше барање за изменувања на закони, а сега се носат закони кои се во колизија со Уставот. Сега има и обврска договорот да се префрли на трета страна без одобрение на државата, изјави Стојаноски.

Посочи дека обврска за изготвување на главниот проект и техничката документација, во претходните два случаи, тоа беше на државата сега на изведувачот.

– Зар немало немаше некој попаметен да ви каже зошто не се дава таа обврска на изведувач, затоа што држава треба да контролира, затоа што државата има закони и да провери дали е безбедно, каде е контролата?  Овде и државата ќе ги плати грешките. Рушите цел државен систем, ќе легализирате криминал, нагласи Стојаноски.