Во било каков изборен модел ВМРО-ДПМНЕ е добитник на следните парламентарни редовни или вондредни избори

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на изборниот законик некако тоа се пушти пред неколку месеци како пробен балон на сите политички партии кои дадоа некоја начелна, генерална согласност, кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за измените на изборниот законик кој што евентуално би требало да биде во собраниска процедура, дали и вие би поддржале да се намали бројот на изборни единици?

Одговор: Во било каков модел ВМРО-ДПМНЕ е добитник на следните парламентарни редовни или вондредни избори. Тоа што е јасно дека ваквите пробни балони кои што рековте беа пуштени од второто лице на Зоран Заев, претседателот на државата Стево Пендаровски, се само во насока на дефокусот на реалните проблеми од економската катастрофа, катаклизма која што ја тресе државата, но и од вакви многу сомнителни, многу криминогени дела кои што ја красат секојдневно оваа власт.

Прашање: Очекувате ли дека е можно да има нов изборен модел на следниве избори? Или?

Одговор: Првенствено очекувам Јавното Обвинителство да покрене истраги за сите криминални афери, криминогени дејанија што ги поврзуваат секојдневно Владата и нејзините министри, и оние што се вработени таму.

Прашање: До каде е законот за СЈО што го подготвува ВМРО-ДПМНЕ? Кога може да го очекуваме и да се достави?

Одговор: Тоа што можам да го кажам во моментот е дека на власта и требаа повеќе од шест месеци за да како министер, како власт изработат предлог Закон кој што во добри шеесетина до седумдесет проценти се спротивни на меѓународните документи. И каков таков е незаконски текст, закон кој што нема да го издржи текстот на времето и на потребите на Јавно обвинителската сфера. Бидејќи беа започнати разговори со ВМРО-ДПМНЕ во насока на подобрување, беа прифатени оние принципи кои што ги имавме наложено, а тоа е да биде законски текст согласно начелото на меѓународни документи од ЕУ, понатаму, од меѓународната односно од Обединетите Нации, но и во насока на почитување на човековите правата и принципите. Но тоа сепак не беше преземено во предвид затоа ВМРО-ДПМНЕ тргна во изработка на предлог законски текст кој што ќе биде преставен во јавноста, но во овој случај би ве замолил за малку трпение затоа што ако на власта и беше потребно повеќе од шест месеци за изработка на еден неквалитетен текст, еден пократок период ни е потребен за да може да се изработи еден квалитетен издржан законски текст во насока на овие начела кои што ги напоменавме и преставивме како основа за законски решенија, а власта ги прифати.

Прашање: Дали како што вели премиерот Заев дека Катица Јанева е каменот на сопнување?

Одговор: Ја слушнав изјавата на Зоран Заев дадена веднаш по овие афери но јас мислам дека на Зоран Заев повеќе нема човек што може да му верува во оваа земја. Затоа што човекот е пред се дефокусиран, самиот вели сега дека Катица Јанева е каменот на сопнување, минатата недела слушнавме министерската за правда која што рече дека воопшто тоа не станува збор дека Катица Јанева треба да остане на местото Специјален јавен обвинител. Така што апсолутно не станува збор за тоа, туку станува збор за овие суштински разлики, а тоа е разликите по принципите врз кои што треба да се темели еден закон за јавно обвинителска сфера која што треба да го издржи тестот за следните десетина години. Така што името на Катица Јанева воопшто не станува збор во вакви разговори, а Зоран Заев редно е да се посвети на она што е важно, а тоа е да одговара пред јавното обвинителство.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...