Власта на СДСМ ниту сака, ниту има капацитет да го реши проблемот со Охрид

Интегрален текст од изјава за медиуми – Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Очигледно власта на чело со СДСМ  ниту сака, ниту има капацитет да го реши проблемот со Охрид.

Додека одговорноста си ја префрлаат од еден на друг, Охрид би можел за прв пат да се најде на листата на светско културно наследство во опасност, во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан.

Надлежните институции наместо веднаш да започнат со решавање на проблемот со дивоградбите, владата предлага нов предлог закон со кој купува време и бега од одговрност. Владата, општините и сите надлежни институции можеа и требаа досега да донесат одлука за рушење на дивоградбите и без овој нов закон, односно со веќе постоечкиот закон.

Наместо да делуваат брзо, ефективно и ефикасно власта се реши за купување на време преку предлагање на нов скандалозен предлог закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој закон бидејќи е скандалозен. Со предложеното законско решеније единствено се префрла одговорноста на новиот Совет кој што треба да одлучува со бадентер што е спортивно на Уставот.

Неспособната Влада на СДСМ го користи овој закон како изговор, само за да не воведе моратриум за градење. Од овој закон не зависи ниту една од мерките што УНЕСКО ги бара и кои треба итно и без одлагање да се спроведат.

Очигледно власта нема капацитет да се справи со проблемот со кој се соочува Охрид. За потсетување власта не ги спроведе ниту препораките од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.

Од вкупно 19 заклучоци на Владата донесени во 2017 година за две години беа спроведени само 3 заклучоци што како обврски беа дадени на Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебарца и другите надлежни институции.

Едно од ветувањата на Власта, воедно и препорака на УНЕСКО, беше дека во најскоро време ќе се направи попис на дивоградбите и нивно рушење. Но, се покажа дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид.

Охрид е едиствено место од нашта држава кое е впишано во листата на заштитени светски културни и природни наследства уште во 1979 година и за прв пат е загроезено. Овој срамен податок за Охрид е резлутата на несоодветната политика и огромна негрижа за единственото подрачје во Македонија заштитено од УНЕСКО.

Почитувани,

Уште еднаш ја предупредуваме и ја повикуваме Власта наместо нови скандалозни предлог законски решенија, веднаш да почне со работа и го реши проблемот со дивоградбите.

Охрид и охридскиот регион немаат време за чекање.

Поврзани вести