Ѓорчев: Власта носи Закони по скратена постапка за да може да поставува партиски војници за директори без критериуми

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на денешна собраниска седница изјави дека измените на Законот за заштита за деца, власта ги носи по скратена постапка не затоа што се грижи за децата, туку за да може да поставува партиски војници за директори без критериуми за избор.

-Предлагаат решение кое е на линија со намалување на критериумите за избор. Имаме намалување на критериумите за вршење на функција директор во насока на тоа да општинските организации на СДСМ да продолжат без критериуми да ги менуваат и бираат директори и ништо друго, вели Ѓорчев.

Тој истакна дека оваа власт стана гарнитура на скратени постапки која не ги слуша приговорите на Европската унија туку насила тера закони по скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце, се со цел да се покрие неспособноста на најлошата влада во историјата, а во меѓувреме државата се сели како никогаш досега и државата доживува егзодус.

-Народот од Македонија како никогаш досега се сели, нема деца во училиштата си заминуваат цели семејства, луѓето си заминуваат затоа што ги зголемувате даноците, никој не инвестира , не доаѓаат фабрики и она мал софтверски сектор и ИТ индустрија ги регистрираат фирмите на други места ги зголемивте даноците. Носиме измени на закон за заштита на деца за да одредени партиски војници на СДСМ стануваат директори а државата ни остане земја без народ. 2018 година беше најлоша демографска година, 70 години наназад, најлоша година во историјата, потенцираше Ѓорчев.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...