Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Како ја коментирате последната аудио снимка на премиерот Заев и руските комичари? Се извини на денеска на прес конференција, ваш коментар?

Одговор: Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице кое што треба човек после еден ваков скандал примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните. За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во Светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие и ќе повторам ја продолжува личната фустрација и агонијата на граѓаните. На Македонија и треба влада и требаат луѓе кои што на брза трака ќе ја стават државата и први ќе го завршат маратонот наречен полноправно членство на Република Македонија во рамките на Европската унија.

Прашање новинар:Дали вие како ВМРО-ДПМНЕ повторно би го актуелизирале прашањето за предвремени парламентарни избори?

Одговор: Па јас само што го реакуелизирав и  тоа е единствениот спас за Република Македонија. Повторно еве овдека на вашето прашање ќе одговорам, ајде да седнеме веднаш уште денеска да завршиме со сите протоколарности,  да ги собереме пратениците во рамките на парламентот, да одржиме состанок со пратеничките групи, секој претседател на политичка партија одделно, да договориме техничка влада и да одиме на предвремени избори. Ова веќе станува неподносливо и за граѓаните, државата ни се празни луѓето се разочарани, луѓето се исфрустрирани, не гледаат перспектива. Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава.

Слушавме што правел  Рашковски, не сме го разбрале, тепаше овој градоначалник не сме го разбрале, оној градоначалник шверцуваше, не бил сфатен помилуван беше, претходно овој нарачуваше полче, не било дрога, било нешто друго. Кога во оваа држава јавниот обвинител , судството и обвинителството ќе  докажат дека за секој граѓанин ќе има правда. Со овие луѓе нема Европа и нема иднина Република Македонија.  Треба еднаш засекогаш на  сите да ни стане јасно, извинувањето не е доволно. Извинувањето можеше да биде во првите недела две, па еве и во првите 100 дена од мандатот, третата година е денеска и во оваа трета година народот гласачите, без разлика за кого гласале, погледнете што се случува по социјалните мрежи, погледнете ги луѓето по улиците веднат глава, недостоинствено се чувствуваат како граѓани на Република Македонија. Редно време е за оставка, и народот си го бара своето, а тоа е оставка и да завршат овие луѓе со одговорност пред судските органи, обвинителството да се позанимава што премиерот на државата ја доведе државата во подредена положба. Цел свет ни се смее, за што и зборуваме ние за какво извинување зборуваме, светот ни се смее луѓе.

Прашање новинар: Грција веќе доби нов премиер, што тоа значи за вас, дали планирате во најскоро време да седнете со новиот премиер, да поразговарате во однос на Преспанскиот договор со оглед на тоа што и вие и тој најави ревидирање на делови од Преспанскиот договор,а од друга страна е порадикален во изјавите од Ципрас дека не постои ниту македонски народ?

Одговор: Претпоставувам дека што значи новиот премиер за Грција, треба да ги прашате грчките граѓани, бидејќи тие одлучиле да господинот Мицотакис го победи на избори господинот Ципрас и претпоставувам тој се обврзал за време на кампањата за некои ветувања што треба да ги испорача пред граѓаните на нашиот јужен сосед. Така што да видиме времето да помине, па да видиме дали тоа што тој го ветил ќе го испорача пред граѓаните на нашиот јужен сосед. Нашиот став за Преспанскиот договор досега бил кажан едно стотина пати најмалку, од моја страна повеќе од педесетина пати дека тој е капитулантски, дека тој директно задира во националните и идентитетски прашања на македонската посебност, на македонската држава, нити па нешто ќе додадеме повеќе, ниту пак ќе одземеме од тоа што до сега сме го кажале. Така што сето она кое што е во насока на подобрување, сето она кое што е во насока на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кој што овој уценет што го видовме денеска премиер под притисок ги потпиша, ние сме тука да ги репреговараме и да ги повратиме.

Гледаме дека денеска Република Македонија практично губи затоа што си има работа со уценети луѓе, луѓе кои што се манипулирани, и луѓе кои што се под притисок само исклучиво поради две работи првата е да не одат во затвор, затоа што беа еднашка фатени како бараат мито од граѓани под принципот на Мирчо свињарникот. И втората е да го променат законот за јавни набавки и да се богатат на грбот на сиромашните граѓани на Република Македонија.

Дојде време да се стави крај на сите вакви политичари , не само од сега, зборувам и од минатото.

Прашање, новинар: Дали е решено да разговарате со Мицотакис ?

Одговор: Јас сум подготвен со секого да разговарам, и тука нема никаква дилема, ниту пак ќе има дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и на интересите на македонската држава. И не се повлекувам од таа точка.

Прашање, новинар: Дали во моментот, во новата политичка ситуација во Грција гледате можност доколку дојдете на власт во скоро време ќе можете да издејствувате на Преспанскиот договор, и ќе биде на поголема корист на Македонија?

 Одговор: Власта е вулгализирање на процесот на водење на државата, ние не доаѓаме на власт само за да дојдеме на власт. Ние сакаме да победиме на фер, демократски, чесни предвремени парламентарни избори со Програма и конечно да го вратиме сето она кое што е изгубено од страна на ваков тип корумпирани и уценети политичари во Република Македонија. Не може генерации Македонци да губат затоа што имаме водство од страна на уценети и корумпирани политичари.

Прашање новинар: Господине Мицкоски уште едно прашање како ја коментирате втората метла која ја најави Заев, а се уште не гледаме никаков ефект од метлата и смената на директори и високи функционери и слично?

Одговор: Видете еве јас ќе ви дадам одговор што е поврзан со еден вистински настан што ми се случи. Еден пријател ме прашува, добро Христијан ти повеќе се разбираш во политикава, внатре си. Не ми е јасно зошто владиниот врв не беше заедно со вардарци кога ја славеа победата и титулата Европски шампиони. Одговорот е јасен, од една страна го имаме вистинскиот Јанус со две лица, човекот кој што на видео спотови ќе го видите насмеан, како лаже бесрамно и се фали со проектите на претходните Владини раководства и вели дека блескаме, а од друга страна се плаши, се срами, се препелка да излезе со 1о-тиците илјади македонски граѓани да им погледа во очи и да ја слави титулата на Европскиот шампион Вардар. Е тоа е денешната реалност во Република Македонија. Подбоениот лицемерен карактер на корумпирани и уценети политичари. Од една страна се обидуваат од петни жили да го лажат граѓанинот дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледаат на луѓето, затоа што знаат дека луѓето тога ќе бидат бескомпромисни.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...