Од фотелјата на која што седи Заев, зградата во која што работи, стадионот, аеродромот, жицарницата се проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Од фотелјата на која што седи Зоран Заев и зградата во која што работи, преку стадионот и спортската сала во која што од срам не доаѓаат да ги гледаат натпреварите на македонските репрезентации, преку аеродромите на кои слетуваат или жицарницата на која што ги возат своите гости во Скопје, се тоа се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните гледаат и паметат. Заев го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на државата, а има рекордно најниско ниво на капитални инвестиции. Тоа е така затоа што на Заев и расипниците околу него во глава им е само криминалот и личното богатење

Време е СДСМ да се отрезни.

Што побргу СДСМ се отрезни, тоа подобро за државата.

СДСМ за овие две години ништо не направи за доброто на граѓаните. Освен крадење и задолжување на државата, Заев не направи ништо.

Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои што  СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација, залудни се трубачите на Заев.

Македонските граѓани немаат кратка меморија, многу добро паметат кој што направил за нивното добро.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...