Наместо 500 евра плата, имаме 500 фамилии без плата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

И денес молк во владата и во АД Водостопанство. И наместо некој да сноси одговорност, тие на ангро трошат државни пари за коктели во време кога претпријатието не може да подели плата веќе два месеци.

Прашуваме, како се чувствувате господине Заев? Кога заедно со Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб, а вие пиете скапи вина и се луксузирате. Зарем не е срамота и нехумано?

Прашуваме, наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата. Дали ова е новата мерка која што ја воведува СДСМ?

Прашуваме, дали е потребно некој да се разболи, и да не може да си го покрие лекувањето за да пуштите плата?

Прашуваме, дали е потребно на некој да му биде запленета куќата поради неможноста да си ја плати кредитот за да вие пуштите плата?

Што треба да се случи господине Заев, за 500 вработени во АД Водостопанство да си ја земат чесно и поштено заработената плата?

За ова нечовечко однесување некој мора да сноси одговорност.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...