Македонската јавност заслужува одговор, дали Рашковски учествувал во нелегални активности

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како ја коментирате вчерашната изјава на премиерот Заев за новите снимки на Рашковски кои се појавија во јавноста, Заев рече дека кога ќе ги слушне ќе побара одговорност? Генералниот секретар на Владата имаше ФБ статус во кој што вели дека работите се прилично едноставни и треба само да побараме изјава од Леонардо, дали имал некаква материјална корист.

Одговор: Наместо Рашковски да изиграва силеџија и се заканува со тужби кон медиуми нека одговори она за што навистина јавноста сака да знае. Наместо Заев да вели дека не ја слушнал снимката за да ја види одговорноста, треба да одговори од каде знае дека Рашковски е невин, целосно невин како што вели. Со други зборови смешен начин да се одбегне одговорност на оваа влада, на Рашковски и на Зоран Заев.

Македонската јавност заслужува одговор, дали Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски учествувал во нелегални активности? Во најновиот разговор кој беше објавен во медиумите, Рашковски говори за работи кои се предмет на истрага при склучувањето на тендерот со италијанската фирма „Леонардо“, се заслужува одговор за што станува збор и тој одговор мора да излезе. Владата е повторно фатена во еден огромен скандал, Рашковски знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понуда, и спротивно на законот наложува да разговара со оваа фирма.

За каков концепт не смее да се разговара, Генералниот секретар на Владата вели дека единствено може да се разговара за цената, за што станува збор одговори мора да има? Дали во овој најнов аудио разговор, Рашковски признава дека набавката е криминална или пак можеби предмет на истрага?

Обвинителството мора да се ослободи од притисоците на власта, од притисоците на Зоран Заев, на владата, на Рашковски и мора да се заинтересира за овој случај со 7 милионска аванта која Драги Рашковски ја договара со фирмата „Леонардо“ по насока на Зоран Заев. Основното Јавно Обвинителство  мора да ги слушне и обвинувањата на еден друг директор, а тоа е Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар, кој откако почна да ја критикува власта беше сменет од позицијата, а сега го обвини токму Рашковски дека земал мито за сите тендери на Клинички центар.

Обвинителството мора да го истражи овој случај, обвинителот Љубомир Јовевски мора да го надмине стравот и да постапи согласно законите, а не согласно директивите дадени од Зоран Заев. Зоран Заев мора да му врачи оставка на Генералниот секретар на Владата, Рашковски, доколку тоа не се случи Рашковски од позиција на моќ може да влијае врз сведоците и истрагата. Правдата во Македонија мора да се врати, сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот, законите мора да важат подеднакво за сите, па така и за миленикот на Зоран Заев, Драги Рашковски.

Прашање: До каде сте знам дека имавте пред два дена за СЈО, дали работите на ова и има ли шанси да се изготви вашиот предлог до крајот на месецот, имате ли некои нови барања што би ги понудиле?

Одговор: Колку што знаете се работи и се изготвува нов предлог закон за Јавното обвинителство, не се работи за СЈО, се работи за закон за Јавното обвинителство. Така што ако на власта и беа потребни повеќе од шест месеци да изготви еден законски текст кој што во добри според нас и според она што го укажувавме над 60-тина, 70-тина проценти од членовите на законот се спротивно на оние принципи и меѓународни норми кои што ги посочивме, а власта прифати дека се валидни за да бидат дел од законот. Тогаш може веројатно да се остави малку време да се изготви еден квалитетен законски текст кој што ќе се предочи пред јавноста и пред Собранието по однос на тоа кој ќе биде прифатен и тоа зависи од Собранието.

Прашање: Деновиве многу се растрчани во Владата имаме чувство дека се подготвуваат за предвремени избори, може ли нешто да се потегне за промена на изборниот модел? Имате ли некоја таква иницијатива?

Одговор: Тоа исто беше една од работите за дефокус кои што произлегоа од второто лице на Зоран Заев, Стево Пендаровски. Апсолутно тоа што го прави СДСМ е само да ја намали штетата која што секојдневно им се нанесува со откривање на нивните криминални криминогени делувања, афери, сомнителни поделби на државниот буџет. Јас колку што се сеќавам власта спомна дека среде изборната кампања го слушна народот, не верувам дека поранешниот генерален секретар си ги собра забелешките од тоа што го слушнале од народот па сега треба новиот повторно да го слуша. Тоа е една политичка манипулација од страна на власта за купување на време.

Прашање: Мислите дека воопшто нема да се реализира?

Одговор: Не можам да Ви одговорам во име на власта.

Прашање: За таа нова афера Лики, Фрики имате ли коментар?

Одговор: Туку што реков дека власта се обидува да купи време во однос на сите афери кои што се појавуваат во јавноста, кои што се како оваа аферата со Драги Рашковски и како што е аферата со други набавки кои што ги откривавме во текот на овие изминати две години колку што СДСМ ја има власта.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...