Одговор на новинарско прашање Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Дали со вчерашната изјава на министерката за правда  Рената Дескоска дека нема да инсистирате за избор на специјален јавен обвинител се отвора можност да се постигне договор за законот за јавно обвинителство?

Одговор: На власта и требаше и на Рената Дескоска и на сите останати повеќе од шест месеци да сфатат дека Катица Јанева работела лошо и нема капацитет  да биде на чело на СЈО. Истата власт загуби драгоцено време за закон каде што над 60% од членовите веќе ги имаме направено и ги имаме дадено. Тоа се загубени 6 месеци каде што истиот закон, истите реформи можеа да се реализираат и имплементираат. Дескоска призна дека Катица Јанева практично нема капацитет да ја води таа институција и тоа што Катица Јанева нема да биде односно не инсистираат да биде на чело на СЈО не е доволно. Мора да се отворат сериозни истраги и сериозни обвиненија за сите нејзини сомнежи, сите сомненија за работењето на обвинителите во СЈО, за работењето на Катица Јанева и за работењето на целата институција како СЈО како и за сите потрошени пари изминативе години. Очекуваме власта да ги сфати посериозно не само овие сите останати забелешки, да престане да губи време и да ги прифати сугестиите коишто верувајте се согласно европските закони и европските принципи согласно одредбите за човековите права на Советот на Европа. За жал досега само ги прифаќаа законот и принципите  декларативно пред граѓаните, пред јавноста, пред меѓународната заедница, а не е испочитуван ниту еден од нив. Сега во моментот ВМРО-ДПМНЕ изработува наша сопствена верзија на законот за јавното обвинителство според оние принципи коишто веќе ги имавме дадено до нив врз основа  на меѓународните документи и стандарди што ќе значи квалитет и што ќе значи еднаква правда за сите, а не селективна правда како што е сега. Тие стандарди не значат амнестија за никого, единствено во моментов се бара амнестија за Катица Јанева за нејзиното лошо работење и за нејзиното постапување без  овластувањата кои што во моментов ги нема.  И во делот на бомбите како што спомна министерката Рената Тренеска Дескоска вели може да се договориме, ние да ја потсетиме дека препораките на Советот на Европа се задолжителни за Република Македонија и ако добро побара одговорот е токму во тие препораки во делот за незаконски стекнатите докази.

Прашање новинар: Кој бара амнестија за Катица Јанева?

Одговор: Со самото тоа што се обидуваат да го направат по нивни стандарди законот СДСМ бараат амнестија за нејзиното работење, Рената Дескоска, Зоран Заев и сите останати затоа што знаат дека има сериозни сомненија за извршен криминал и прекршување на законот на кривичниот законит токму во СЈО  во изминативе години. И ние неколку пати сугериравме на тие сомненија, ние неколку пати сугериравме на милионски суми потрошени беспотребно, а еве сега гледаме дека нема никаков резултат и дека сето тоа е еден театар за исполнување на лични цели на СДСМ, на Зоран Заев и на сите останати.

Прашање новинар: Дескоска кажа дека е спремна да преговара и за ваша верзија на законот , дали тоа значи дека по секоја цена сака да стигне до датум за преговори?

Одговор: Повторно ќе кажам неуспехот на власта за датумот за преговори е единствено нејзината вина, а ќе страдаат сите граѓани на Република Македонија, ние веќе ги дадовме принципите и  ги имаме повеќе од 60% од членовите за законот за да може да се оформи тој закон, да се изгласа и потоа да се имплементира, меѓутоа тие ветуваа дека ќе спроведат, ќе разгледаат, ќе имплементираат се само декларативно и за да ги замајуваат граѓаните и меѓународната заедница. Факт и реалност е дека не сакаат ништо да имплементираат, не сакаат да донесат закон кој ќе значи еднаква правда за сите граѓани. нив повеќе им одговара вака на овој начин да функционираат, односно да прават што сакаат и да управуваат тие со обвинителството односно тие да судат кому сакаат и колку сакаат.

Новинар прашање: Уште едно прашање, како го коментирате тоа што Садула Дураку е назначен за вицепремиер?

Одговор: Видете ние неколку пати во претходниве месец, месец и половина, два откако Зоран Заев ја најави метлата коментиравме дека од таа метла нема да има никаков ефект. Нема да се тргнат луѓе кои што не работеле за добробит на граѓаните и не ги исполниле критериумите. И ние спомнавме дека за таа метла Зоран Заев единствено  ја прави како театар пред граѓаните, односно да го амортизира целиот оној револт кој граѓаните го имаат кон него. Сега видовме дека навистина таа метла не се случи, дека едноставно има померување, односно во овој случај унапредување во функциите во Владата  за одредени луѓе за кои тој самиот констатирал дека не работеле успешно, односно луѓе од неговата партија констатирале дека не остварил успех. Така да не би можел што повеќе да кажам освен дека што побргу се смени оваа власт, толку подобро за граѓаните да едноставно се спасат од оваа неспособност која што владее во државата. А нормално ја тоне државата и ја враќа 10 чекори назад, наместо да ја води напред.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...