Арсовски: Ниту ќе се срушат дивоградбите во Охрид, ниту пак ќе се воведе ред со СДСМ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Според изработениот регистар на дивоградби во општина Охрид има 1076 дивоградби, од кои над 400 се во заштитените зони од УНЕСКО . Од 19 препораки на УНЕСКО во моментов ниту една не е спроведена за 43 седница на УНЕСКО во Баку каде што се разгледува прашањето за одземањето на титулата на Охрид.

Факт е дека дивоградбите и башибозукот на СДСМ и нивните луѓе си го плаќаат данокот на општеството. Дивоградбите и непостапувањето по нив е најголемото зло што може да му се случи на Охрид и Охридското Езеро.

Целата држава знае дека дивоградбите на Советникот Нефи Усеини, кој што е во коалиција со СДСМ и е многу близок соработник на Зоран Заев и актуелниот градоначалник ги дозволува и ги штити директно Зоран Заев преку градоначалникот од СДСМ Константин Георгиевски.

Дивоградбите на Нефи Усеини, бетонската база на Нефи Усеини на крајбрежјето на Охридското езерото, на само неколку метри од езерото, огромната тераса кај Чинарот во центарот на Охрид која што исто така е на Нефи Усеини и сите останати дивоградби кои што се повеќе од 400 во заштитената зона и над 1000 во целиот Охрид се под директна заштита од Зоран Заев и Константин Георгиевски и тоа единствена причина е заради предизборните коалиции со истиот советник кој што гради каде што ќе стигне Нефи Усеини и никој не го санкционира тоа.

Зоран Заев вчера рече дека дивоградбите ќе се рушат, ако не ги сруши општината, тоа ќе го направи државата. Каков е тој премиер што не може да му каже на својот градоначалник да го спроведува законот уште веднаш?

Дали Зоран Заев тука подразбира рушење на терасата на Нефи Усеини, рушење на бетонската база на Нефи Усеини, рушење на минарето во центарот на градот кое е незаконски е изградено? Дали мисли на рушење на овие  проекти или можеби на некои други?

Само да потенцираме дека општината Охрид има тендер од 20.000 евра односно 1.200.000 денари за рушење на сите дивоградби. Ова е смешно и просто се прашуваме како е возможно со 20.000 евра да се срушат над 1000 дивоградби?

Со овие 20.000 евра не е возможно да се срушат ниту дивоградбите на Нефи Усеини кои што се огромни и ќе треба месеци да се срушат.

Едно е јасно, ниту ќе се срушат дивоградбите во Охрид, ниту пак ќе се воведе ред со СДСМ во Охрид.

СДСМ го руиниса Охрид. Треба да одговараат сите оние кои што му се спротивставиле на законот, таму  а во Охрид такви ги има многу. Еве еден пример од каде што почнува се, тоа е Нефи Усеини, Зоран Заев и Константин Георгиевски.

Затоа, што побрзо падне оваа криминална власт на СДСМ и Заев, толку побрзо ќе се вратат работите во нормала, а сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...