ОЈО мора да реагира за скандалот на Рашковски и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев

Соопштение до јавноста

Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев ја зароби Република Македонија и како заложник ги држи нејзините граѓани. Криминалните тендери и грантови, се главна одлика на оваа криминална влада.

Додека граѓаните се борат да го преживеат месецот, нивните чесно заработени пари преку давачките кон државата завршуваат во џебовите на партиски и државни функционери кон кои Зоран Заев исплаќа концесии.

Криминалните тендери и грантови, партиските и непотистичките вработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт, на штета на граѓаните.

Само последен во низата е корупциски скандали е оној  на со тендерот за набавка на радарска опрема за потребите на М-НАВ. На граѓаните од денот кога свиркачи го разоктрија овој скандал им одекнуваат зборовите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ,,Leonardo will win’’.

ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев.

Очигледно е дека криминалната Влада ги кочи реформите во државата и дека со оваа власт нема да има ниту п од правдата која ја ветуваше Заев. Не важи повеќе понудата на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Владата за наше побрзо интегрирање во Европската Унија со оглед на криминалот и корупцијата во кој е заплеткана оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ само ќе лобира за добивање датум за преговори час поскоро во интерес на граѓаните.

Она што е добра вест за граѓаните е дека сите анкети укажуваат на тоа дека следната Владата ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните парламентарни избори кога и да тие се случат. Кога Зоран Заев ќе си замине од власт, во Македонија ќе се врати правдата и ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот и оние кои во овие моменти го штитат криминалот.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...