Животот којшто го ветуваше СДСМ дојде само за Зоран и Вице Заеви, за Анѓушев, Рашковски и нивните блиски

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Помина повеќе од две години откако СДСМ е на власт, а животот којшто го ветуваa дојде само за Зоран и Вице Заеви, за Анѓушев, Рашковски и нивните блиски.

Граѓаните секој ден живеат се потешко.

Аболицираниот Заев е на чело на криминалната банда која во овие моменти ја пустоши државата. Криминалната банда која што ја зароби државата, буџетската сметка ја користи за исплата на партиските пајташи преку криминални тендери и грантови.

Криминалот и корупцијата добија епидемиски размери, а Заев, Спасовски, Царовска, Шекеринска и останатите го зголемуваат личното богатство.

Ќе дојде денот кога Заев и неговите послушници ќе одговраат за ова нивно расипничко владеење.

На следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада која целосно ќе се посвети да граѓаните во државата  да имаат подобар и побезбеден живот.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.