Затуроска: Со новиот Предлог закон за урбанистичкото планирање урбаната мафија ќе цвета

Можноста Владата да изработува Детални урбанистички планови е надвор од секоја логика. Да се донесе закон каде не се почитуваат начелата врз кои што истиот се потпира исто така е непринципиелно. Генерален урбанистички план да се носи без јавна расправа и без анкета и тоа е преседан. Неусогласеноста на законското решение со други законски решенија, Законот за зеленило, Законот за природа,законот за културно наследство итн и тоа е несоодветно. Критериумите за една градежно земјиште или парцела го нема во законското решение и тоа се сака да се донесуваат со подзаконски акти кои што ги донесува министерот за транспорт и врски што претставува уште еден преседан. Заради сите овие недоследности кои што ги имаме во законот за урбанистичко планирање, заради тоа што семтаме дека ваквиот закон наместо проактивен, ќе биде кочничар при неговото имплементирање во процесот на урбавизирање и планирање на просторот јас го замолувам министерот да го повлеќче законот за доусовршување и доработење, рече денес пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата за транспорт и врски во Собранието на Република Македонија.

Затуроска побара од министерот Горан Сугарески, Законот за урбанистичко планирање да биде повлечен и истиот да се доусоврши и доработи бидејќи за него се поднесени 235 амандмани и повеќето се од пратениците на мнозинството.

Таа додаде дека со овој закон каков што е сега се прави преседан во урбанизмот и градежништвото од кои полза ќе има само урбаната мафија.

– Ако законското решение треба да претрпи 30% од неговата материја, промени тогаш истото треба да се повлече и да се изработи друго законско решение. Во овој случај преку амандманите материјата трпи промена од 90%. Вие правите преседан кој што во урбанизмот и градежништвото ќе донесе хаос. Ќе има вакум простор бидејќи нема закон за просторно планирање. Урбаната мафија ќе цвета во Република Македонија. Повлечете го законот и ќе се формираат групи за заеднички да го усогласиме законот, додаде Затуроска.

Министерот Горан Сугаревски одби да го повлече законот и предложи амандмански да се реагира на содржината преку работни групи. На овој предлог се надоврза и пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска која што е дел од владеачкото мнозинство и рече дека амандмански е невозможно да се подобри законот и се приклучи кон барањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, законот да биде повлечен.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...