Мицкоски: Власта нема што да понуди, затоа се занимаваат со прогон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа, посочи дека Зоран Заев и СДСМ се свесни дека ја губат довербата кај граѓаните поради немање на визија и стратегија како да управува со државата и да работи за доброто на граѓаните, па мора да креира политички прогон и да измислува обвиненија за опозицијата и сите граѓани кои размислуваат различно од нив.

-Јасно е дека сето она што го зборевме ние во изминатиот период дека практично целосно е покриено обвинителството и судството од страна на Зоран Заев и групата околу него се потврдува. Постапките кои следеа после претседателските избори само го докажуваат тоа што ние го говориме и ќе продолжат да го докажуваат. Јас не верувам дека они тука ќе престанат бидејќи се свесни дека ја губат довербата кај граѓаните свесни се дека нема што ново да понудат, нема проекти, нема стратегија нема визија и единствениот начин е како на еден теоретски начин кој они си го замислиле тоа сценарио да вршат притисок врз политичките неистомисленици, врз опозицијата во случајот и да втеруваат страв кај слободноумните граѓани на оваа држава, дека еве ние сме семоќните и дека што сакаме, кому сакаме можеме да направиме, вели Мицкоски.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...