Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа кажа дека суштински треба да се гледаат работите и темелно, дека не треба да се избрзува во одлуките.

Имено тој рече дека ги слушал сите оние забелешки дека ВМРО-ДПМНЕ било пасивно и дека сите оние незадоволници, кои ги има многу повеќе од оние што беа години дена понаназад којшто порано го поддржувале СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ го нема и треба да биде поактивно.

-Но, потребно е да ги имаме информациите којшт власта за жал во јавноста и некогаш и не се кажуваат такашто имајки го предвид сето тоа јас тоа го напишав во мојот постб и пак ќе повторам а тоа е една победа во еден тежок маратон затоашто таа треба да биде голема победа. Победата не треба да биде победа којашто ќе остави простор за понатамошен постизборен инженеринг, тоа треба да биде победа којашто ќе забетонира една идна власт, реформска власт, власт којашто ќе ја донесе Македонија во подобри времниња, и власт којашто ќе ја одведе Македонија во подобри години, потенрира Мицкоски.