Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Отворено на Алфа“ рече дека СДСМ се свесни дека ја губат довербата кај граѓаните и единстевниот начин е како на теоретски начин они си го замислуваат е да вршат притисок врз политичките неистомисленици, во опозицијата во случајот.

-Видовте вие дека монтираа слуачј онаму кадешто немаа случај. Односно член на Извршниот Комитет  на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски  и член на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ односно претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродмор, Дејан Митевски се приведени. Обвинението е покренато од обвинител којшто е сестра на поранешен, а може и сегашен функционер на СДСМ. Порано знам дека беше претседател на младината на СДСМ или од СДММ какошто тие ја нарекуваат и од искуството коешто дента се случувало во судот, сфаќам со колкава жестина практично сакаат да атакуваат врз ВМРО-ДПМНЕ  и да ја угушат различната мисла практично слободната мисла во Република Македонија, истакна претседателот Мицкоски.

Тој посочи дека  Димитар и Деајан се приведени затоа што во документот којшто е изработен се потписници неколкумина и по функција тие се потпишале бидејќи едниот бил раководител  на сектор, другиот раководител на одделение.

-Димитар и Дејан не учествувале нитуе еден милиметар од  постапката којашто е комплетно законска во една  фер и транспаретна постапка ќе се докаже тоа но, штетата којашт се прави врз овие двајца врз останатите кои се дел од овој монтиран случај ќе биде моментална, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.