Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, вчера обидувајќи се да го прикрие скандалот истакна дека тендерот бил завршен во 2016-та година.

Во таа насока, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашува ако тендерот бил завршен тогаш, што бара рашковски со еден од понудувачите?

-Рашковски претскажува дека тој ќе го добие тој тендер. Што бара тогаш зетот за сестра на министерката за правда да го потпишува договорот во 2018-тата година? Се знае што бара Рашкоски. Тоа се процентите кои во тој разговор ги споменува господинот Рашкоски, рече Мицкоски.