Имав можност блиц да ја проследам онаа несреќна прес конференција на генералниот секретар Драги Рашковски.  Човекот признава дека е дел од скандалозно криминално дејание, кажа дека го прави по задача на негов претпоставен, и тој претпоставен е премиерот на владата Зоран Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.

Мицкоски укажа дека нема намера да ги коментира како што рече „примитивните испади“.

-Јас нема да ги коментирам испадите. Тоа е примитивното однесување на овие луѓе кои се декларираат како проевропски, тие се обични примитивци а само се декларираат како проевропски ориентирани граѓани. Рашковски е генерален секретар на Владата, не е претседател на боксерски клуб, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека Рашковски се заканува на институции, поединци, новинари, а тоа како што додаде е крајно недозволиво.

Човекот, вели, Мицкоски, мора да сфати дека е генерален секретар на Владата.