Во вечерашната емисија „Отворено“ на телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски.

Тој кажа дека од Зоран Заев и од луѓето околу него се може да се очекува и дека e подготвен на борба до крај против деспотот.

-Јас повеќе  би избрал и се борам за победа низ маратон тежок отколку краткотраен шпринтерски пораз, и така ја користам еве оваа прилика, бидејќи ме прашавте што мислам, лично јас мислам дека лично можеби во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , лидерот на опозицијата и на тие другите останатите блиски соработници што се околу него. Јас и сега ќе ја користам оваа прилика да апелирам и до граѓаните и до оние луѓе од раководството кои што ќе останат да продолжат да се борат, да не носат одлуки под емоција, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека е свесен за предизвиците со кои што се соочува партијата  и дека има разработено  јасен план во консултација со неговите соработници.

– Имам јасен план разработено во соработка со луѓе со кои што сум се консултирал. Јас сум свесен дека можеби и до тоа да дојде, сум разговарал и со луѓето кои што се од моето семејство дека од Зоран Заев и тие околу него се може да се очекува па може и тоа да се очекува да дојдат да ме приведат. Еве ова нека биде и апел до оние луѓе кои што се врткараат, една специјална единица на Министерството за внатрешни работи изминативе денови околу мојата куќа со изговор дека се тука да го набљудуваат училишниот двор на училиштето кое што е во непосредна близина на мојот дом. Јас сум подготвен и тука нема никаква дилема дека знам која е целта на оваа деспотска власт, кажа Мицкоски.