Во своето вечерашно интервју лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше запрашан за коментар за резултатите на неодамна објавените анкети, каде предност во довербата има неговата партија.

-Јас мислам дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е уште поголема. Таму беше вкупната предност 2 проценти, додека пак кај македонското население беше околу нешто повеќе од 8 проценти. Кај Албанците СДСМ е трета партија, прва е ДУИ, втора е Алијанса на Албанците итн. Од прилика јас би ги пондерирал со фактор 2 резултатите со вкупната бројка и кај македонското население и тогаш би ја добил онаа очекувана бројка во моментот која што би ја имале или некаде помеѓу 70.000 до 100.000 гласа предност кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ, вели тој во гостување во емисијата Отворено на Алфа телевизија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека на сите граѓани,оние кои се разочарани од владата на СДСМ, но се уште не го гледаат ВМРО-ДПМНЕ како алтернатива, им должи една победа, односно како што рече, победа во тежок маратон која што таа треба да биде голема победа.

-Победата не треба да биде победа која ќе остави простор за понатамошен постизборен инжинеринг. Тоа треба да биде победа која што ќе забетонира една идна власт, реформска власт, власт која што ќе ја донесе Македонија во подобри времиња и власт која што ќе ја одводен Македонија во подобри години, додаде Мицкоски.