Министерството и владата со која управува Заев ќе ја задолжат Македонија за 10 милиони евра

Соопштение до јавноста

Зоран Заев расипнички ја управува државата. Министерството и владата со која управува Заев ќе ја задолжат Република Македонија за 10 милиони евра.

Секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра.

Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%.

Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти.

Нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%.

Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на  Буџетот.

Заев мора најитно да одговори:

  1. Каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт?
  2. Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време?
  3. Кој е ефектот кој државата го има од тоа задолжување? И
  4. Дали од потрошените пари државата има додадена вредност?

Бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност. Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре