Мерката Мој ДДВ е само обична популистичка мерка од која најголема корист ќе имаат најбогатите

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Со СДСМ и Зоран Заев на власт македонската  економијата го допре дното.

Мерката Мој ДДВ е само обична популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите.

Со оваа мерка сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1872 денари годишно, што е далеку  од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев.

Доколку СДСМ и Заев навистина се грижат за граѓаните тогаш најмалку што можат да направат за нив е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и конечно да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции кои имаат најниско ниво на реализација во историјата на независна Македонија.

Наместо Заев да носи популистички мерки, време е да започне да работи за решавање на проблемите на граѓаните.

Со Зоран Заев и СДСМ, граѓаните и државата само уназадува и осиромашува, а граѓаните го гледаат и чувствуваат тоа.

Затоа на  Македонија и на граѓаните им се потребни промени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре