Во вечерашната емисија „Отворено “ на ТВ Алфа гостуваше Игор Божиновски член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека селективна правда владее во Република Македонија.

Тој истакна дека случајот со Курто Дудуш е класичен пример за тоа дека обвинителството и Владата кога се во прашање луѓе блиски до власта молчат и никаде ги нема.

Божиновски додаде дека целата македонска јавност била запознаена за случајот со Курто Дудуш за тоа како лишува од слобода човек и како го малтретира физички и вербално но за тоа ништо надлежните институции немаат превземено.

Понатаму, Божиновски истакна дека имало обиди за заташкување на случајот со Курто Дудуш и праша дали и уште колку такви случаи има а со кои македонската јавност воопшто не е запознаена.

Божиновски го потенцираше и случајот со Драги Рашковски врз кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава апропо снимката во која што се работи за сомнеж за криминал тежок 7 милиони евра додека Премиерот Зоран Заев воопшто не се изјаснил за овој скандал што ја тресе Владата.

Членот на извршниот комитет Божиновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ бара исти аршини да се применуваат и врз функционерите на СДСМ кога станува збор за спроведување на правдата.