Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски, во своето гостување во емисијата „Отворено на Алфа“ рече дека за жал мора да се констатира дека овие години откако Зоран Заев е на власт, Македонија е претворена во зарабоена држава, па дури и полошо од тоа секојдневно граѓаните се сведоци на хајка од монтирани-политички случаи којшто немаат врска со правото, а се користат само за заплашување, малтретирање на членовите на опозицијата и уништување на цели едни семејства со вакви процеси кои немаат врска со правото.

-За жал, во петокот имаше уште еден случај во низата тажни денови за демократијата во Република Македонија каде неколку лица се опфатени со мерката притвор кој за жал во Република Македонија притворот се користи како мерка, како казна не како согласно со казнениот законик како мерка за обезбедување. Притворот во Република Македонија го злоупотребуваат за политичките противници за да се казнат и да се измачуваат. Во овој случај кадешто се опфатени Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митевски, претседателот на ОК Аеродром и неколку друго лица не постои никаков основ за кривично гонење, никаков криминал, не е стекната противправна имотна корист ниту пак се исполнети оние три точки по кои се одредува притворот согласно казнениот законик, истакна Божиновски во своето гостување.

Божиновски посочи дека Димовски сам ја вратил својата патна исправа со што покажува дека немал намера да избега од државата. Имено тој потсети дека поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ Миле Јаниекивски којшто неколку месеци се наоѓа во притвор и согласно законот ги исполнува своите обврски и ја издржува мерката која му е определена.

-На деспотот Заев му требаше театар, за да го сврти вниманието од сите оние скандали кои му се случуваат, од неработењето на целокупната негова влада , да го сврти вниманието од огромната корупција која ја потенцираа и неговите најблиски соработници, потенцираше тој.