Николов: Дончев и Филипче да одговорат, дали со нивни амин се празни касата на ФЗО и на Министерството за здравство?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани

Венко Филипче и Ден Дончев продолжуваат со реализација на своите лични и бизнис интереси на компании блиски до Владата.

Откако детската кардиохирургија ја префрлија во приватна здравствена установа, сега државата плаќа и странски лекари да работат во приватна здравствена установа. А во исто време набавената опремата на Универзитетската клиника за детска хирургија, во висина од 2 милиони евра, стои целосно неискористена.

Имено, според превентивната програма на Министерство за здравство за кардиоваскуларни заболувања, објавена во Службен весник за 2019 година, ја гледате овде позади, предвидени се 10 милиони 930 илјади денари за образовни и договорни услуги за тимовите на интензивна хируршка нега на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје. Но што се случува, со народни пари се плаќаат странски доктори да се обучуваат и работата во приватна здравствена болница!!

Зарем тоа е јавно приватно партнерство?

Венко Филипче треба да одговори каде е тука јавниот партнер и кој е интересот на јавниот партнер и на јавната институција?

Каде е размената на експертиза помеѓу јавните и приватните институции?

Зарем државата ќе го обучува и плаќа кадарот на приватната болница, која ги инкасира средствата за услугите за кардиохирургија покачени за 45% од ФЗОМ и плус средства дополнителни за обука на персоналот? Ова не е ништо друго туку криминал!!!

Ден Дончев и Венко Филипче треба да одговорат, дали со нивни амин се празни касата на ФЗОМ и на Министерството за здравство?

Дали после ова Ден Дончев планира да ја напушти земјата со својот странски пасош?

Министре,

Со парите на граѓаните може единствено да се плаќаат професионалци, секако и од странство, но кои ќе работат во интерес на јавното здравство.

Вие наместо да ја донесете експертизата во јавните здравствени институции и да го подобрувате капацитетот на јавното здравство, во континуитет го зајакнувате приватното здравство.

Можеби и затоа граѓаните не можат да  добијат термин навреме за преглед, не можат да се добијат услуги во јавното здравството, за да истите ги добиваат во приватното здравство.

Од сето ова може да се заклучи дека Ден Дончев и Венко Филипче се решени да го уништат јавното здравство, а тоа што тие го нудат како концепт за јавно приватно партнерство е само начин за богатење на поединци.

Поради ова, како и поради многуте скандали кои секојдневно се појавуваат во секторот, Ден Дончев и Филипче го изгубија кредибилитетот да го водат овој сектор и треба веднаш да повлечат од функциите.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...