Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Зоран Заев и бандата околу него

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Хохштаплер е германизам, кој се употребува како синоним за измамник, лажго или некој што се обидува на нечесен и криминален начин да се стекне со финансиска корист.

Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Зоран Заев и бандата околу него овие три години.

Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми откако е на власт со тоа што неговото семејство го презема струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев, влезе во бизнисот со марихуана, а нивни камиони возат и за потребите на РЕК  Битола.

Хохштаплер е Анѓушев кој зема државни тендери во време кога е вицепремиер за економски прашања.

Хохштаплеер е Рашковски, кој го слушаме како мести тендер од 7 милиони евра.

И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат.

Бројот на работници во индустријата е намален за 0.6% во период  јануари-мај 2019 во однос на истиот период лани. Додека само за месец мај оваа година, во однос на мај минатата година бројот е паднат за 2.5%.

Реализацијата на капиталните инвестиции е најниска до сега, за 5 месеци реализирани се само 13.7% од годишно предвидените. Заев  и СДСМ неможат да го направат ни она што се обврзале дека ќе го направт со гласањето на Буџетот во Собранието.

Откако СДСМ  е на власт долгот константно се зголемува. Јавниот долг за првпат надмина 5 милијарди евра со СДСМ на власт, а тенденција е дека тој ќе се зголемува од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП, не за инвестиции или развој, туку за сервисирање на редовните потреби на државата и нејзино преживување.

СДСМ  и ја одзема надежта на Македонија. Со СДСМ  Македонија само тоне. Потребно е оваа власт да си замине што побргу.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...