Божиновски: Апсењето и притворањето на Димовски, Митески и другите во монтираниот случај е само доказ за стравот на власта од се поочигледниот пораз

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Божиновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ вршат политички прогон. Власта ги злоупотребува правосудните институции за шиканирање на политичките противници. Апсењето и притворањето на Димитар Димовски, Дејан Митески и другите опфатени во монтираниот случај е само доказ за стравот на власта од се поочигледниот пораз.

Власта во овој, како и во сите други случаи каде се опфатени луѓе од ВМРО-ДПМНЕ  ја злоупотребува мерката притвор,  наместо како мерка за обезбедување на присуство, ја користи како мерка за шиканирање и казнување.

Притворот се изрекува, доколку треба  да се обезбеди присуство на некое лице пред органите на прогонот. Опасност од бегство или непојавување во случајот со Димовски и Митески нема. Димовски сам ја вратил сопствената времена патна исправа, а Јанакиески веќе подолго време беше во куќен притвор. Доколку сакале да бегаат немало да чекаат да бидат доведени пред свршен чин.

Сите обвинети во монтираните судски процеси се дел од една хајка која нема врска со правото, туку служи  за  заплашување.

Почитувани,

Последниот монтиран случај нема никаква врска со правото. Ниту е извршено кривично дело, ниту е прибавена противправна имотна корист. СДСМ е веќе трета година на власт и доколку сметале, можеле во секој момент да го вратат земјиштето во посед на државата.

Власта има само за цел да ги малтретира притворените.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира Апелацискиот суд да се надвисне над политиката и да одолее на притисоците. Потребни се одлуки согласно законот, а не како што ќе нареди Заев. Апелацискиот суд треба да ја отфрли мерката притвор или да донесе  поблага мерка.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека за сите злоупотреби и кршења на правото ќе следува одговорност со враќање на правната држава и владеењето на правото.

 

 

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...