Василевска: Молкот за 7 милионската тендерска аванта со која се поврзува Рашкоски отвара сомнеж дали од договорената аванта имало и за Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Иванка Василевска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ќе даде ли конечно одговор генералниот секретар на владата на Република Македонија во врска со еден од најголемите корупциски скандали на оваа власт?

Докази и сомненија кои посочуваат за постоење на 7 милионската тендерска аванта за владиниот генерален секретар доаѓа од секој чекор.
Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт. Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што потврдуваат овие документи, и оттука имаме 10 прашања коишто треба да ги одговори Драги Рашковски.

  1. Зошто господине Рашковски манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер, кога договорот е склучен на 14.12.2018 година, два дена по состанокот кај вас во влада?
  2. Доколку како што велите господине Рашковски дека од менаџментот знаеле дека со италијанската компанија имале негативни искуства, зошто не го поништиле тендерот?
  3. Дали гласот кој се слуша на снимката е ваш  и дали се слушате како на претсавниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?
  4. Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
  5. Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседтелот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?
  6. Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која посакувате?
  7. Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?
  8. Господине Рашковски како според вас Италија, Шпанија, Франција и Малта се „ебиветар“ држави? Како се среќавате и ги гледате во очи амбасадорите на овие држави и впрочем што мислите за вашите помали коалициони партнери од ромска националност?
  9. Дали и во другите делови од набавката инсистирате италијанската компанија да добие на непосредна спогодба, иако ви укажуваат дека не се работи за компанија којашто е директен производител?
  10. И за крај господине Рашковски кои се европски држави кои се наоѓаат под екваторот?

Почитувани,

Македонија е заробена држава, а луѓето како мојот колега Рашковски за кои постојат сериозни сомневања за сторен криминал се нејзиниот канцер.

Заев бидејќи молчи очигледно и тој го штити исто какошто го штитеше и Курто Дудуш. Молкот отвора сомнеж дали од договорената аванта имало и за првиот човек на владата!?

Време е за оставки.

Време е за нови политички ликови коишто ќе направат нешто за Македонија и кои ќе го исчистат образот на лошото милје коешто го остава оваа ненародна власт.

Потребни се оставки и тоа веднаш. Првиот чекор е од владиниот генерален секретар.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...