Мицкоски: Понудивме поддршка за соработка на владата за датум за преговори, Заев не одговори, сега нашата понуда не важи, ќе продолжиме сами да лобираме

Конструктивноста е кај ВМРО-ДПМНЕ, деконструктивноста кај СДСМ. Ние како опозиција сме конструктивни и понудивме соработка за да се добие датум за преговори со Брисел, Зоран Заев не одговори. СДСМ како опозиција одеше по улици, уништуваше. Разликата е голема. Ова го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5.

Тој посочи дека бидејќи немало одговор од Заев и Владата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лобирање самостојно за да се добие датум за преговори со Брисел.

-Јас и претставници на партијата лобиравме и во Берлин и во Брисел за датум за почеток на преговори со Брисел. Ние дадовме повеќе од што заслужува Владата и таа криминална дружина, но ние не го правиме за Заев и за криминалната дружина, туку за државата, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа и што им е кажано од Брисел.

-Прво велат дека нема реформи, Владата не испорачува. Пред некој ден знаете што кажа францускиот амбасадор Тимоние и што кажа Германската бизнис асоцијација за бизнис климата и економијата. Тие го кажуваат истото не се испорачува, нема реформи. Тоа што ние го зборуваме го зборуваат и нашите партнери од меѓународната заедница, рече Мицкоски и додаде дека претставници на партијата продолжуваат со работа и со лобирање за датум

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...