Мицкоски: Од метлата не остана ништо, сите останаа само Тевдовски го нема

Кога Зоран Заев се самопрогласи за министер уште во неделата беше јасно дека е спротивно на правните норми, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто на телевизија Канал 5 коментирајќи ја реконструкцијата на владата.

Тој укажа дека од тоа што Заев го ветуваше за промените и метката нема ништо, и како што рече го нема министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според него владата и Заев мора да сфатат дека мора да избори час поскоро поради сето ова што се случува во државава.

-Мора да ги натераме да разберат дека ова што го прават не е добро. Мора да го сфатат тоа и да распишат избори што поскоро. Го слушав Заев и вели ќе не смачкал кога и да имало избори. Но, ние сме подготвоне да одиме на избори и да има техничка влада еве и тој нека биде министер за финансии, а Кочо Анѓушев технички премиер, само ајде да одиме на избори. Па тогаш ќе видиме дали ќе не смачкаат, анкетите не говорат така, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...