Мицкоски: Граѓаните со СЈО добија резултат еднаков на нула

Тие луѓе кои ја обвинуваат опозицијата за Законот за јавно обвинителство само сакаат да го искористат законот и да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така зошто анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и затоа преку законот сакаат да се пресметаат со ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Канал 5 телевизија.

-Ние формиравме во партијата тим за преговори. Но власта не слуша. Ако не да ги оставиме од власта да прават што сакаат и да го укиниме ВМРО-ДПМНЕ. Но, ние одлучивме. ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за јавно обвинителство. Ние ќе направиме закон кој ќе биде соодветен на европските стандардите. Граѓаните од ова сега и од Специјалното јавно обвинителство не добија ништо, резултатот е еднаков на нула, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...