Заев и Јавното обвинителство на секој можен начин се обидуваат да го заташкаат случајот со Курто Дудуш и да го спасат од одговорност

Соопштение до јавноста

Деспотот Заев го штити насилникот Курто Дудуш.

Деспотизмот на Заев добива загрижувачки размери.

Седми ден нема разврска за случајот со насилникот градоначалник Курто Дудуш. Зоран Заев и Јавното обвинителство го штитат градоначалникот пулен Курто Дудуш за кој целата јавност слушна како малтретира и се изживува врз човек во неговата канцеларија.

Седми ден, иако Јавното обвинителство има материјален доказ кој го слушна целата македонска јавност, не го вика Дудуш за да земе исказ од него, ниту пак од другото лице кое се слуша во аудио записот. Седми ден Јавното обвинителство наместо да го гони Дудуш за изживувањето истражува за тоа дали снимката е легална или не.

Да беше Македонија правна држава, и со неа да не управуваше оваа криминална влада, до сега во најмала рака Дудуш требаше да биде повикан на исказ, а истрагата ќе беше во поодмината фаза.

Зоран Заев и Јавното обвинителство на секој можен начин се обидуваат да го заташкаат случајот со Курто Дудуш и да го спасат од одговорност. Вчера на собраниска седница им се гасеа микрофони на пратеници кога сакаа јавно да зборуваат за случајот.

Срамно и недозволиво е власта да ја држи јавноста во мрак, а институциите во грч, само за Курто Дудуш да не оди во затвор.

Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека јавноста го следи случајот и дека нема да биде заборавен. Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека одговорност ќе има како за Дудуш, така и за луѓето од власта кои го затскриваат случајот.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...