Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром ја напушти седница на советот во знак на револт поради приведувањето на Дејан Митевски претседател на ОК Ародром

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром

 

На денешната седница на дневен ред меѓу другите точки се и точките за зголемување на плата на вработените во градинките, значи на вработените воспитувачи и негователки. Ова точка ние максимално ја поддржуваме и како советничка група ја поздравуваме, меѓутоа одговорноста за носење на тие одлуки е сепак на власта.

Ние како советничка група денеска имаме морална одговорност да ја напуштиме работата на оваа седница бидејќи денеска власта  со нејзините познати методи за прикривање на својата неспособност за реализирање на програмата што ја вети пред изборите премина кон  нејзините стандардни методи за заплашување на опозицијата. Денеска е приведен Дејан Митевски претседателот на Општински комитет на Аеродром. Целата е многу јасна, а пораката е да се заплаши опозицијата во Аеродром  како и претходните случаи со приведување.

Ние како советничка група во знак на поддршка ќе ја напуштиме оваа седница и нема да учествуваме во работата на Советот.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...
Најгоре