Одговор на новинарско прашање на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Имаме нови избрани министри, кој е ваш коментар?

Одговор: Нови избрани министри, да не ме сфатите погрешно немаме. Од големо најавуваната реконструкција на владата не се случи ништо и денешната акција е  токму резултат покривање на таа работа. Имаме од глупост во глупост влегување од ден во ден, видовте вчера со што се занимаваше министерството за здравство за да вечерта ретерираат после сериозните  реакции на јавноста. Имаме од скандал во скандал и не знаат како да излезат и влегуваат во вакви работи. Ако ја гледате таканаречената реконструкција на владата имате еден министер кој што од здравствени причини се повлече, природно дојде друг човек на  негово место, му посакувам на господинот Асаф Адеми добро  здравје и се најдобро. Имате втор министер кој што ротира од позиција икс на позиција ипсилон, имате трет министер кој што оди во министерство во кое што и претходно нешто него видовме министерството за локална самоуправа и на тоа се сведува реконструкцијата.  И имате желба на Зоран Заев да го контролира државното кесе со цел да може да функционира системот „евро за евро“. Така што реконструкција практично и да немаше.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...