Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната дискусија со советникот на премиерот Бојан Маричиќ, на Канал 5 телвизија, истакна дека се навлегува од грешка во грешка, а нема ниту едно решение за проблемите со кои се соочуваме како држава.

На граѓаните им е нерелевантно кој е во партиските тела на СДСМ, туку порелевантно им е кој е на чело на државните институции кои треба да донесат промени, вели тој.

-Кај ново избраните тие се козметичка не суштинска промена, испадна дека единствен виновник за резултатите на СДСМ на претседателските избори е Драган Тевдовски, а не се понуди понуди некаква визија од страна на овој иззменет владин состав за прашањата кои реално ги засегаат граѓаните. Како што се темите поврзани со економијата, иселувањето, здравството итн. Не се понуди реална визија за тоа како ќе се намали цената на храната, не се понуди како ќе се реши даночната политика која што носи антипазарно однесување, не се понуди визија како ќе се подобри минималниот раст на СДИ кои што ги имавме во првиот квартал, не се понуди визија за тоа како ќе се соочиме со предизвиците кои што ги имаме во нашата земја, вели Муцунски.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски со остри критики кон политиките на власта во однос на спречување на иселувањето како и скандалозните однесувања на премиерот како неговото назначување за министер за финасии.

Тој вели исто така дека скандалозно е и однесување на министерот за здравство со одлуката дека ќе се врши промена на пол на сметка на фондот.