Милошоски: Советникот на Заев прима плата преку Србија за да избегне плаќање на данок во Македонија

Антонијo Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница потсети дека на 31 мај до премиерот Заев поставил прашање дали може да се добие согласно Законот за слободен пристап за информации бидејќи Владата тврди дека е траснпатентна,  договорт и биографијата од советникот Љупчо Зафировски којшто премиерот кажа дека е негов специјален советник за односи со Франција и дека има врски со Макрон и со француската Влада.

-После три недели покасно 21 јуни од Владата од Заев добив одгoвор  „киша око Крагуевца“ дека тој има право да склучува договори, да ангажира советници иако тоа не беше прашањето  за на крај да се каже дека во врска со бараниот материјал  од вашето прашање, договорот за Љупчо Зафировски како советник и неговата биографија  бидејќи никаде не постои на интернет, согласно Уставот и постоечката законска регулатива дека листата на сите советници и соработници со опис на ангажман и висина на надомест е повеќепати јавно објавена, истакна Милошоски.

Милошоски потенцира дека се крие биографијата на специјалниот советник пријател на Макрон, советникот на Заев , господинот Љупчо Зафировски.

Имено Милошоски потсети дека Заев на пратеничките прашања на 30 мај за неговите советници истакна за советникот Зафировски дека живее во Париз, дел од времето живее во Париз и дека  неговиот ангажман е поголем заради тоа поголем дел од времето поминува во Париз и затоа неговата плата е 1200 евра кадешто премиерот Заев има приватни конекции и врски токму во дипломатскиот дел околу кабинетот на претседателот Макрон  и владата на Франција.

-Премиерот Заев лаже. Советникот Зафировски не живее во Париз, тој има постојано живеалиште во Скопје. Зафировски не ја прима платата во Скопје. Премиерот и советникот избегнуваат плаќање на данок. Зафировски  прима платата во Србија  на трансакциона сметка којашто ја отворил таму затоа што во Македонија сака да избегне обврски кон негови доверители како должник, рече тој.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...