Македонија е држава каде премиерот е аболиран криминалец а тие што говорат за криминал на власта се теретат со обвиненија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
Клеветничкото обвинителство на деспотот и криминалец од премиер Заев го товари со измислени обвиненија Генералниот секретар Јанушев, и членот на Извршниот комитет Димитар Димовски, за да после партијата на криминалецот Заев реди етикети, осудува без докази, и оттргнува внимание од вистинските скандали.
Македонија е држава каде премиерот е аболиран криминалец а тие што говорат за криминал на власта се теретат со обвиненија, земја каде градоначалникот пулен на власта е на слобода а тие што зборат за неговото однесување се малтретираат од обвинителството по нарачка на Заев.
СДСМ криминална е срам за било која правна држава а не репер кој треба да се следи. Тоа е партија каде разно разни Кики, Коки и Фрики собираат рекет во име на власта и поминуваат неказнето затоа што за прв човек имаат аболициран криминалец.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ