Доста е од реваншизми и партиски отпуштања во јавните здравствени установи. И премиерот тоа го вети, дека нема да има реваншизам. Но, наместо реализација на ветувањето има поплаки од вработени во Болницата во Битола. Има реваншизам во Болницата во Битола бидејќи дел од вработените, персоналот одржал прес конференција во која се вели дека не работат некои апарти како ангиографот, кабинетот за инсеминација е вон употреба и слично. Зошто реваншизам кај овие луѓе, праша пратеничката Лилјана Кузмановска на собраниската седница наменета за пратенички прашања.

Таа посочи дека информацијата е од искусни и докажани доктори.

-Информацијата е од доктори со околу 20 годишно работно искуство во медицината. Зошто вакво постапување, вака ли ќе ги задржувате лекарите, медицинскиот персонал? Не е проблем за смена на директори, но доста со вакви поспаки кај оваа фела, немојте со вакви постапки кај докторите. Таков притисок и омаловажување немало кај оваа фела, речи Кузмановска.

Пратеничката укажа дека при претставувањето на новиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски,  Заев укажа дека е договорено зголемување на ДДВ за општините од 4 на 10 проценти, зголемување на блок дотации.

-Дали вие знаете дали се општините подготвени да ги земат овие дополнителни обврски, кога и  самите сте свесни дека не можат да направат репроценка на имот, а не собирање на данок на имот. Имам сомнеж дека оваа избрзана децентрализација е политички договор за да може на некои градоначалници да им се префрлат повеќе пари, односно на оние кои не си ја ни работат својата работа.  Дали имате и план локалната самоуправа да ја направите од едностенена во двостепена, за ова треба да бидат информирани граѓаните, праша Кузмановска.