Има или нема истрага за наводите дека медиумски газда со високи функционери на СДСМ рекетираат фирми и бизнисмени низ Македонија!?

Соопштение до јавноста

Има или нема истрага за наводите дека медиумски газда со високи функционери на СДСМ рекетираат  фирми и бизнисмени низ Македонија!? Заев и Јавното обвинителство – испостава на СДСМ, мора да одговорат, кој кого лаже и кој кого крие во случајов?

Доколку има истрага од каде му на Заев информации, доколку нема што чека Јавното обвинителство до сега?

Доколку се точни наводите на Јавното обвинителство дека нема истрага тогаш неговото постапување се претвора во комедија, се гонат лица од ВМРО-ДПМНЕ, а не смее да се отвори истрага против функционери на СДСМ. Да не беше трагичнио ќе беше смешно!

Цела држава бруи за рекетот кој го прават неколку партиски функционери на СДСМ со еден медиумски газда, а Јавното обвинителство вели дека истрага се уште нема.

Кого и зошто чека Јавното обвинителство и зошто нема истрага за рекетот, за кој со денови пишуваат медиумите, што треба да се случи за да имаме истрага?

Двојните аршини се само показател дека нема владеење на правото, туку дека политиката одлучува во Македонија. Безаконието и неказнивоста мора да запре. Одговорност ќе има за сите.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре