Земјоделците во кочанскиот регион заради нефункционален канал веќе две години мака мачат како да ги наводнат површините

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска на барање на земјоделците сум во Кочанскиот регион, поточно во општина Зрновци. Потенцираат и укажуваат дека проблемите со наводнувањето се алармантни.

Се наоѓаме на лице место каде што поминува левиот магистрален канал каде што треба да се покрие земјоделската површина од околу 3 илјади хектари за наводнување и тоа во укажување на земјоделците веќе втора година овој канал е нефункционален и малку е нелогично и несфатливо земјоделците додека Љупчо Николовски организира скапи коктели во министерството за неговото „успешно“ менаџирање со неговиот шеф Зоран Заев, земјоделците ронат солзи и мака мачат како да ги наводнат површините.

Земјоделците ме информираа дека без наводнување на оваа површина практично е невозможно да се одгледуваат земјоделските култури. Голем дел ги имаат необработено, а оние што го имаат земјоделското земјиште земено под закуп практично го откажуваат, бидејќи негрижата на АД „Водостопанство“, Николовски и Зоран Заев којшто ветуваа во предизборието 2016 година дека ќе донесат живот за земјоделците, гледаме дека на лице место дека не е така.

Денеска сме во Кочани, ситуацијата е алармантна. Меѓутоа ако се навратиме наназад ќе видиме дека и минатата година немаше земјоделски сектор, немаше гранка каде што не претрпија земјоделците огромни штети. Дали беа тоа градинарите, дали беа во моментот прозиводителите на праска во Росоман, дали беа во Малешевијата производителите на слива, дали беа производителите на пченица, бостан итн.?

Немаше земјоделска гранка, немаше село каде што не наидоа на негрижата од Љупчо Николовски и Зоран Заев.

Од оваа средба апелираме до Зоран Заев и до неговиот министер во заминување, Николовски и до новиот министер под итно да се фатат за работа и да ги санираат овие проблеми бидејќи проблемот со наводнувањето не трпи на време. Вода мора да има кога е најпотребно. Водата ако стигне во август ќе стигне предоцна, само земјоделците дополнително ќе ги обременат со фактури коишто треба да ги платат за нешто што не го добиле како услуга.

Ако не се способни нека си заминат од своите позиции. ВМРО-ДПМНЕ има и план, стратегија и визија како да го санира она што го направи СДСМ бидејќи земјоделците заслужуваат партнер. Земјоделците заслужуваат иднина којашто произведуваат здрав и земјоделски производ. Ако не се способни нека ги отстапат местата. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, и ќе покаже како навистина треба да се работи во интерес на македонскиот земјоделец.

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...