Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова од собраниската говорница на денешната седница на која се поставува пратенички прашања го запраша Зоран Заев зошто Драган Тевдовски е променет ако добро си ја вршел работа.

Таа ја посочи изјавата на поранешниот советник на министерот за финансии, Бранимир Јовановиќ кој истакна дека реконструкцијата на Заев не ги зафатила оние кои местеле милионски тендери, туку оние кои чесно си ја вршеле работата, па го постави прашањето, дали поради ова е променет Тевдовски.

-Господине Заев, некако одбегнувате да го дадете одговорот на прашањето конкретен, кој што очигледно на сите нас како пратениците не ние е јасно. Значи вие велите, убаво може да се види од стенограмите во експозето дека господинот Тевдовски бил добар министер, дека вие не го менувате затоа што бил неисполнителен, туку затоа што вие сте сакале да ги вложите вашите капацитети во работата на оваа министерство. Ако вие како што ви текна утринава, имате судир на интереси, и не можете нели да ја извршувате функцијата. Еве конкретно не остане Тевдовски да биде министер за финанси? Дали можеби тоа се должи на изјавите кои деновиве се актуелни и ги слушаме од луѓе кои што работеле заедно со него во неговиот кабинет, и кои што велат дека метлата требаше да ги фати оние кои што работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери. Ова го велат луѓе кои работеа во министерството за финасии, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа. Дали имате сознание дека вакво нешто се случувало и дали можеби поради ова се менува министерот Тевдовски, запраша Манаскова.