Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на денешната собраниска седница за реконструкција на владата запраша дали тоа што нема предлог за нов министер за финансии е тоа што нема човек кој ќе прифати да биде министер и да носи храбри одлуки во ова министерство.

Ласоска го потсети Заев и дека тој во неговото експозе кога ја формираше владата се обрати до министрите и притоа им порача дека нивна е одговорноста кон граѓаните и да не очекуваат да биде министер наместо нив, но денес го гледаме спротивното.

Во однос на одлуката Заев да ја повлече одлуката да биде министер, затоа што е незаконски, истакна дека тоа целиот хаос кој се создаде можеби е намерен за да помине денот, и дека таква грешка не требало да си дозволи покрај толку многу советници и министерка за правда до него.

-Зошто ги плаќате овие советници во владата кои ги имате и министерката за правда ако не ви кажале дека овој предлог треба да го повлечете, сигурно имате правници, а до скоро го водевте телото за реформи во судството, од таму требало да ви кажат дека е некомпатибилно, а денес да направите хаос во Собранието, прашува Ласовска.