Илијоски до Заев: Ако цвета економијата, зошто го менувате министерот?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната собраниска седница за реконструкција на владата го запраша премиерот Заев ако цвета економијата и ако е година на економијата, зошто тогаш зошто се менува министерот за финансии.

-Во образложението зошто ги менувате министрите немаше ниедно објаснување зошто некој министер се менува. Единствено нешто што кажавте е дека оваа година ја прогласивте година на економија и да се пофалите дека економијата цветала.  Ако цеветала економијата зошто го менувате министерот, мора да има нешто во позадина, вели Илиовски.

Тој потенцира и дека граѓаните и опозицијата со право се сомневаат во Заев затоа што од него освен ветувања, еуфорија и популизам конкретни резултати немаат видено.

-Чисто да ве потсетам 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата на лекарите, нема да го менуваме уставот по никоја цена, тоа беше ваше ветување, затоа наше легитимно право е да се сомневаме во вашите ветувања и намера да го раководите министерството за финансии  и дека не е се така добро како што сакате да прикажете дека Македонија стана Швајцарија или Луксембург, истакна Илиоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...