Димовски: Партијата на аболицираниот криминалец шири лаги, дезинформации и клевети

Писмена изјава на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Болшевичкиот клер во македонската политика, предводен од аболираниот за криминал премиер Зоран Заев, човекот кој цела Македонија го виде како бара мито од едно евро за брат му, евро за црквата, треба да се засрами во ширењето на лаги, дезинформации и клевети.

Тоа што илјади пати ќе повторат една лага, тоа не значи дека ќе стане вистина. А вистината која толку многу често ја манипулираат е следна: Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не е до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска висина од 1500 м купено од друго приватно лице, каде сега има насади со ореви.

Што се однесува до темата хидроцентрали, Димитар Димовски поседува едноцифрен удел во компанијата која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање на концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законските и подзаконските акти. Впрочем ако имаше било какво отстапување, досега ќе имаше правосилни пресуди познавајќи ги нивните тесни релации со политизираното судство.

Што се однесува до темата СЈО, причината зошто јавноста е против ваквото нефункционално СЈО треба да ја бараат во своите редови, затоа што на Македонија не и треба партиска испостава која ќе произведува неправда која е политички сугерирана, туку вистинска правда достапна за сите институција, која ќе го гони вистинскиот криминал. А такво обвинителство Македонија ќе има

Очекуваме СДСМ јавно да се извини поради ваквите дрски лаги, манипулации и злоупотреба на вистината.

Ваквите нервозни соопштенија и ширењето на лажни вести не го намалува скандалот на пуленот на Зоран Заев, Курто Дудуш, кој измачуваше, тепаше и навредуваше човек во градоначалничката канцеларија.

Кој и да излезе на прес конференција и да ја говори вистината ќе се најде на метата на СДСМ, но тоа нема да не спречи да ја говориме вистината. А вистината е дека партијата предводена од аболиран за криминал човек, сега застанува во одбрана на уште еден градоначалник насилник, само затоа што е пулен на лидерот Зоран Заев.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...