Николоски: Изборниот модел мора да биде изгласан со консензус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, беше гостин на Алсат телевизија. Тој на новинарско прашање околу изборниот законик, односно за дадената поддршка од Претседателот Пендаровски  за иницијативата за кратење на изборните и отворени листи рече:

-Прилично за изборите е важно да бидат фер, демократски и регуларни а второсрепено е кој е иборниот модел. Затоа што ако не направите фер и  демократски избори не е битно каков е изборниот модел. Можеме да имаме различни размислувања и гледам дека една аргументација која што доаѓа е дека пратениците немаат своја индивидуалност и дека се премногу притиснати од политичките партии. Има и одредени други политички партии, мали, кои се популарни во одредени средини но не се на ниво на држава и  сметаат дека не се претставени. Има еден модел кој што може да ги затвори сите овие проблеми, еве го нафрлам, па може да разговараме. Тоа е модел кој што е примет во Велика Британија и во Соединетите Американски Држави, таканаречен “First Pas Sistem”, односно изборен модел на избор на оној кој што прв поминува во првиот изборен круг. Односно, тоа би биле мнозински избори со 120 изборни единици, значи колку што има пратеници во Собранието, каде што би бил избран за пратеник оној кој што најмногу освојувал гласови во еден круг. Да нема втор круг затоа што најчесто манипулациите и комбинаториките се прават помеѓу двата круга. На тој начин пратениците ќе бидат директно избрани од граѓаните, ќе имаат огромен легитимитет затоа што ќе се избрани на непосредни избори а не на пропорционален модел каде што ги кандидира партијата и ќе можат директно да одговараат на своите гласачи. Ова е еден модел кој што ние планираме да го предложиме. Ако има разбирање кај другите политички партии, одлично. Ако нема, тоа е тоа. На крај изборниот модел мора со консензус да биде изгласан.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...